Гоца Тржан, Марија Шерифовиќ, Катарина Остојиќ… Овие естрадни ѕвезди биле жртви на насилство

Иако многумина јавните личности ги гледаат како луѓе кои немаат проблеми во животот, тоа е далеку од вистината. Многу личности од српската естрада биле жртви на насилство. Тие одлучиле да пружат отпор јавно раскажувајќи низ што сѐ поминале. Ова се некои од нив.

Во продолжение ќе се потсетиме на поранешните признанија на некои од јавните личности, кои беа објавени во српските медиуми, а чии приказни покажуваат дека секој од нас може да биде жртва на злоставување и насилство – без оглед на социјалниот статус, влијание, моќ, пари и слично.

Српските медиуми пишуваа за случајот со Катарина Остојиќ. Пејачката беше брутално претепана пред клуб, каде воедно ѝ го украле и мобилниот телефон. Напаѓачот бил непознат маж, кој претходно ѝ се додворувал во клубот и се обидел да ја бакне.

Катарина Остојиќ

Марија Шерифовиќ пак, една од најдобрите српски вокалисти, го објави документарниот филм „Исповед“, во кој ја открива темната страна на своето семејство и отворено зборува за тоа дека нејзиниот татко Рајко брутално ја тепал нејзината мајка Верица. Самата Верица призна дека често била тепана, еднаш модра и крвава побегнала од дома барајќи заштита од полицијата.

Марија Шерифовиќ

И изјавите на некои од највлијателните луѓе од светот на шоу бизнисот, кои како тинејџери трпеле навреди од своите врсници во основно или средно училиште, исто така сведочат дека секој може да биде жртва на врсничко насилство.

Актерката и пејачка Катарина Богиќевиќ стана позната во 2012 година кога ја доби главната улога во серијата „Фолк“. Потоа ја толкуваше улогата на младата Звездана која пее по кафани за да му помогне на своето семејство.

Катарина еднаш изјави дека нејзиното детство било исто толку тешко како и на ликот на Звездана, бидејќи во средно училиште била мета на нејзините врсници кои постојано ја малтретирале. Како што и самата призна, еднаш многу ја претепале и ѝ го скршиле прстот. По тој инцидент нејзините родители ја префрлиле во друго одделение.

Катарина Богиќевиѓ / Фото: Instagram

Многу ме малтретираа во основно училиште. Тоа беше ненормално, затоа го сменив одделението. Имав другарки, тие беа буквално „mean girls“ – најсилните, најубавите… Ако имате подобри резултати на тестот од нив, тие ве чекаат и ве тепаат. Една од нив ми го скрши прстот, после часот по физичко. Игравме фудбал и тие четири против нас дваесет девојки. Се разбира, бевме повеќе и победивме. Јас бев капитен на мојот тим… Имавме десет или единаесет години… После тоа ме истепаа, ми го скршија прстот… После тоа некое време не одев на училиште. Тато ме префрли во друго одделение“, изјави таа за локалните медиуми.

Милан Станковиќ

И пејачот Милан Станковиќ еднаш изјави дека како дете бил жртва на врсничко насилство и дека децата на училиште го малтретирале, му го искинале ранецот и не сакале да се дружат со него.

Се сеќавам на шесто и седмо одделение во основно училиште, се повлекував во себе, во својата соба, во мојот свет на глума и сцена, каде што можев да бидам тоа што сакам. Ниту едно дете на овој свет не заслужува да го малтретираат неговите соученици. Од ваквите лекции, денес развивам свест“, изјави пејачот.

Гоца Тржан

Гоца Тржан еднаш изјави дека претрпела насилство од поранешниот партнер и апелираше дека за вакви работи не смее да се молчи.

Првиот пат кога го направи тоа, не го оставив, но кога се случи повторно – го направив тоа. Ме удри и ми го пукна тапанчето на увото. Не сакам да се сетам на тоа, но добро е да се знае затоа што се случуваат такви работи и не треба да молчиме за нив“, изјави пејачката.

Анабела Атијас се разведе од сопругот Гаги Џогани, а по разводот признала дека тој со години ја малтретирал. Како што изјави за српските медиуми, ѝ било срам, но решила да не трпи и да се разведе.

Даниела Штајнфелд / Фото: Фејсбук

Неодамна, Даниела Штајнфелд која глумеше во „Ивкова слава“ стана првата српска актерка која јавно проговори за тоа како била жртва на сексуално злоставување, наведувајќи дека била силувана од еден моќник од филмската индустрија.

Оваа вест ги згрози актерите во Србија, кои застанаа на нејзина страна давајќи и максимална поддршка и повикувајќи ја да го каже името и презимето на злоставувачот, бидејќи само така ќе може на злоставувачот да му се застане на патот.

Прочитајте го нејзиното сведоштво ТУКА.

Прва актерка од Балканот која проговори за злоставувањето: Потресната приказна на глумицата од „Ивкова слава“ (ВИДЕО)

По сериозното обвинение се огласи и актерот: Даниела Штајнфелд го обвини Бранислав Лечиќ за силување!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот