ГО РАСПАРЧИЛА ЛИЛЈАКОТ, ПА ГО ИЗЕЛА: Дали овој кинески специјалитет е виновникот за коронавирусот? (ВИДЕО)

Во контроверзното видео Менгјун на своите гледачи им раскажала дека месото на лилјакот има сличен вкус како пилешкото.

Ванг Менгјун, Кинезинка која има мега популарна онлајн емисија за патување, јавно се извинила на целиот свет откако повторно излезе нејзиното старо видео од 2016 година во кое се гледа како со сопствените раце распарчила лилјак и го изела.

Видеото повторно стана актуелно при епидемијата на коронавирусот. Видеото кое е старо три години стана вирално заради сомневањето дека коронавирусот се појавил на пазарот во Вухан каде за консумација се продаваат повеќе од 100 видови на диви животни, меѓу кои и лилјаците.

Научниците првиот ден објавиле информации дека вирусот потекнува од змиите и лилјаците, па така видеото во кое Мангјун го јаде лилјакот само додатно ги зголеми сомневањата дека коронавирусот настанал заради „популарниот специјалитет“ кој може да се најде на различни пазари низ Кина.

Во контроверзното видео Менгјун на своите гледачи им раскажала дека месото на лилјакот има сличен вкус како пилешкото, а потоа го фатила лилјакот за крилјата и го распарчила.

– Жал ми е, ве молам простете ми. Не требаше да го јадам тој лилјак, напишала Менгјун во јавното писмо, откако нејзиното видео предизвика многу негативни реакции.

Видеото е снимено за да би ги претставило локалните специјалитети, а Менгјун инаку е прогласена меѓу 30-те најуспешни кинески претприемачи кои имаат помалку од 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот