Магомед Абдулаев/Фото: Твитер

Го прегази автомобил – почина уште еден руски функционер близок до Медведев и Путин

Поранешниот премиер на рускиот регион богат со нафта загина откако во него удри автомобил додека минуваше улица.

Магомед Абдулаев (61), близок на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, е хоспиталиизаран, но починал од тешките повреди здобиени во несреќата во градот Махачкала на Каспиското Море.

Украина веднаш посочи дека ова е последен во низата сомнителни руски смртни случаи во текот на изминатата година, во кои доминираше војната на Владимир Путин.

Абдулаев, исто така поранешен ректор на Државниот педагошки универзитет во Дагестан, ја минувал улицата Магомед Гаџиева кога во него удрил автомобил Лада Нива.

Се вели дека возачот има 55 години, но не е откриено дали е приведен или уапсен.

Пешакот Абдулаев, според извештаите, поминувал коловоз на непрописно место.

Тој беше премиер на регионот Дагестан од 2010 до 2013 година, а беше назначен кога Медведев беше претседател на Кремљ.

Според извештаите, Медведев – близок сојузник на Путин и воинствен блогер за војната во Украина – го познавал уште кога биле дипломирани студенти на Државниот универзитет во Санкт Петербург.

Медведев (57) во моментов му е заменик на Путин во Советот за безбедност на Русија.

Телеграмскиот канал Правда Герашченко, управуван од украинскиот функционер Антон Герашченко, објави: „Уште една мистериозна смрт на руски функционери“.

Неговата смрт дојде помалку од два месеци откако послушникот на Путин Кирил Стремусов (45) загина во сообраќајна несреќа.

Русија е погодена од голем број „сомнителни“ смртни случаи – многу поврзани со енергетскиот сектор – откако ескалираа тензиите поради инвазијата на Путин на Украина во февруари 2022 година.

Павел Антов, руски политичар кој важеше за најбогат пратеник, беше пронајден мртов по мистериозниот пад од прозорец на хотел во Индија.

Во Русија почина генералниот директор на едно од најголемите руски бродоградилишта, а се уште не се знае како.

Александар Бузаков почина на 66-годишна возраст, објави Обединетата бродоградба корпорација на крајот на декември, пренесе Ројтерс.

Богатиот политичар Николај Петрунин имаше само 47 години и беше во кома еден месец и почина во октомври.

Мултимилионер, татко на три деца, поранешен извршен директор на индустријата за гас, се наведува дека починал од компликации поврзани со тешкиот Ковид.

На 1 септември, нафтениот тајкун Равил Маганов (67) падна до смрт од прозорецот на шестиот кат на болница во Москва.

Еден извештај вели дека претседателот на Лукоил – втората по големина руска нафтена компанија – бил „претепан“ пред да биде „фрлен низ прозорецот“, но тоа не е официјално потврдено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот