ГО ОДБИ ЈУВЕ: Нов потпис во Лондон, Покетино задоволен! (ВИДЕО)

twitter.com/F00tainment

Во овој летен период Сисоко (30) се поврзуваше со трансфер во италијанските клубови Јувентус и Интер, но на крајот успеа да се избори за место во лондонскиот тим и одигра многу важна улога минатата сезона кога екипата успеа да се пласира во финалето од Лигата на шампионите.

Сисоко за Спарси досега одигра 87 натпревари и постигна еден гол, додека за репрезентацијата на Франција запиша 55 мечеви и два погодоци.

– Горд сум што потпишав нов договор со клубот. Ова значи дека клубот верува во мене и првите луѓе се среќни со тоа што го правам. Се надевам дека и во иднина ќе го давам најдоброто од себе и заеднички освоиме трофеи – се зборовите на Сисоко.

Овој викенд Тотенхем го очекува нов дуел во Премиер лигата, в недела од 16.00 часот на домашен терен ќе игра против Саутемптон.

Од шест кола европскиот вицешампион има само две победи и се наоѓа на осмото место со осум бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот