Главна ѕвезда во летниот преоден рок ќе биде Кристијано Роналдо!?

Кристијано Роналдо би можел да се врати во Манчестер јунајтед / фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер јунајтед на крајот од сезоната ќе добие нов менаџер, Ралф Рангник на клупата ќе биде заменет од Ерик тен Хаг.

Медиумите во Англија веќе шпекулираат каков тим ќе направи Холанѓанецот и дали ќе има место за Кристијано Роналдо кој без разлика на годините игра одличен фудбал на врвно ниво како што е Премиер лигата.

„Мирор“ открива ексклузивна информација дека Реал Мадрид е заинтересиран за Роналдо ова лето!

Португалецот во периодот од 2009 до 2018 година остави неизбришлива трага и стана легенда на „кралскиот клуб“ во кој на 438 настапи постигна неверојатни 450 голови. Шпанскиот клуб му плати 94 милиони евра на Јунајтед, што беше светски рекорд во тоа време.

Освои сè што можеше да се освои на клупски план, наводно Реал размислува за враќање на Роналдо во случај да не дојде Килијан Мбапе, кој сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по истекот на актуелниот договор со ПСЖ.

Навивачите сигурно не би имале ништо против, и покрај тоа што Роналдо следниот февруари ќе наполни 38 години, но ќе се прашува и клубот од „Олд Трафорд“ со кој има важечки договор до лето 2023 со опција за продолжување на соработката на уште една година.

Португалецот оваа сезона за Јунајтед постигна 23 гола, од кои 17 во Премиер лигата, а статистиката би можел да ја подобри на следниот натпревар кога „црвените ѓаволи“ го пречекуваат Брентфорд.

Манчестер јунајтед се подалеку од Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот