Манчестер јунајтед се подалеку од Лигата на шампионите

Дербито во Премиер лигата заврши без победник/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Челси  одиграа без победник 1:1 на „Олд трафорд“ во  натпревар од 37. коло во Премиер лигата.

Со ремито, Манчестер јунајтед е се подалеку од пласман во Лигата на шампионите бидејќи сега има пет бода помалку од четвртопласираниот Арсенал кој пак има два натпревари помалку. Челси е трет на табелата со 66 бода, шест повеќе од Арсенал и е на добар пат да си обезбеди пласман во ЛШ следната сезона.

Менаџерот на Јунајтед, Ралф Рангник не можеше да смета на осум фудбалери, повредените Мегваер, Санчо, Фред, Погба, Кавани, Шо, Ван Бисака и суспендираниот Гринвуд, но успеа да одолее на нападите на „сините“ и да освои барем еден бод.

Интресно е што првите 17 минути од натпреварот, трибините на „Олд трафорд“ беа полупразни поради протестот на навивачите против сопствениците на клубот, семејството Глејзер.

Навивачи подолго време ги бојкотираат натпреварите на Јунатед и на тој начин го изразуваат незадоволството кон сопствениците кои клубот го купија пред 17 години.
Челси поведе во 60 минута со голот на Алонсо, а Јунајтед израмни само две минути подоцна преку Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот