Фото: EPA/DAVID CLIFF

Гласнер: Заслуживме да ја освоиме Конференциската лига

Тренерот на фудбалерите на Кристал палас, Оливер Гласнер, по освојувањето на Конференциската лига изјави дека неговиот тим заслужува да го освои првиот европски трофеј во историјата на клубот.

Англискиот клуб ја освои Конференциската лига во средата откако го победи шпанскиот Рајо Ваљекано со 1:0 во финалето одиграно во Лајпциг, Германија.

– Морам да му честитам на тимот бидејќи тоа беше натпреварот што го очекувавме, но мислам дека одигравме неверојатни 15 минути на почетокот на второто полувреме кога постигнавме гол и можевме да го решиме натпреварот. На крајот се браневме добро, беше фантастична вечер. Мислам дека тимот, клубот и навивачите заслужија да ја освојат Конференциската лига. Многу сум задоволен што се случи тоа – рече Гласнер, како што објави Скај Спортс.

ВИДЕО | Хаос во Лајпциг: Се степаа хулиганите на Кристал палас и Рајо Ваљекано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот