Ѓоковиќ со двоен мотив: Продолжување на владеењето на АТП и по шеста круна во Дубаи

фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Нешто помалку од еден месец помина откако Новак Ѓоковиќ по 10 пат го покори Мелбурн ја освои својата 22 Грен слем титула на Австралија Опен.

Српскиот тенисер претходните денови ги помина во Белград, каде напорно тренираше и се подготвуваше за продолжението на сезоната и успеа да ја санира повредата на бутниот мускул која му направи многу проблеми во Австралија.

Ѓоковиќ се подготвува за настапот во Дубаи, турнир кој започнува во понеделник и ќе трае до следната недела, а Ноле доаѓа со цел по шести пат да го освои Дубаи и воедно да го продолжи владеењето на АТП листата.

Жрепката за турнирот во Дубаи ќе се одржи в сабота, а титулата ќе ја брани Андреј Рубљов.

Ѓоковиќ: Би сакал 60-от дуел со Рафа Надал да биде во финалето на „Ролан Гарос“

Карлос Алкараз е моментно најблиску до Ѓоковиќ на АТП листата, младиот Шпанец оваа недела се натпреварува во Рио Де Жанеиро и доколку ја освои титулата ќе има исто толку поени како и Ѓоковиќ во понеделник на ВТА, бидејќи на нашиот ас му се одземени 90 поени од минатогодишното натпреварување во Дубаи кое заврши со четвртфинален пораз од Јиржи Весели.

Но, исфрлањето нема да се случи поради прописите на АТП, па Ѓоковиќ ќе ја „завери“ 378 недела на чело на машкиот тенис и со тоа ќе стане апсолутен рекордер во апсолутна конкуренција надминувајќи го рекордот на поранешната германска тенисерка Штефи Граф која 377 недели беше на врвот на ВТА листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот