Новак Ѓоковиќ/EPA/JOHN G. MABANGLO

Ѓоковиќ против Дрејпер имал и проблеми: Многу ме болеше стомак и тешко дишев

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на турнирот Индијан Велс, откако во осминафиналето беше поразен од Британецот Џек Дрејпер по голема борба во три сета.

Ѓоковиќ добро го отвори мечот и го освои првиот сет, со што во еден момент делуваше дека ја има контролата и психолошката предност. Сепак, во продолжението од мечот не успеа да го задржи истото темпо, а противникот постепено го сврте резултатот во своја корист.

По завршувањето на дуелот, српскиот тенисер откри дека во текот на натпреварот се соочувал со здравствени проблеми.

„Имав силни болки во стомакот, што ми создаваше проблеми и со дишењето. Не би сакал премногу да навлегувам во тоа. Секако дека по ваков пораз останува чувство на разочарување, еден поен, неколку удари можат да решат сè. Не ни знаев дека сум освоил еден поен повеќе од противникот. Сепак, успеав да се вратам во мечот, атмосферата беше одлична и ова беше мојот најдобар настап на турнирот. Кога подоцна ќе размислиш за сè, секогаш си попаметен по борбата. Имам доживеано многу вакви победи и порази, животот продолжува“, изјави Ѓоковиќ.

Со овој пораз, српскиот тенисер го заврши учеството на турнирот во Калифорнија. Претходно, тој беше елиминиран и во конкуренција на двојки, каде настапуваше заедно со Стефанос Циципас, додека Дрејпер кој го брани трофејот освоен минатата година, во следната рунда ќе се соочи со Данил Медведев.

Немаше сила за повеќе — Ѓоковиќ по голема борба елиминиран во осминафиналето на Индијан Велс

Немаше сила за повеќе — Ѓоковиќ по голема борба елиминиран во осминафиналето на Индијан Велс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот