Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

Немаше сила за повеќе — Ѓоковиќ по голема борба елиминиран во осминафиналето на Индијан Велс

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на турнирот во Индијан Велс по поразот од Џек Дрејпер во осминафиналето со 1-2 во сетови (6-4, 4-6, 6-7).

Српскиот тенисер и покрај тоа што има 38 години не се предаваше и во тешките моменти, а посебно драматичен беше третиот сет кога прво се најде во негатива по загубен брејк, но успеа да се врати во мечот токму кога Дрејпер сервираше за победа. Возбудувањата продолжија и во тај-брејкот, каде британскиот тенисер поведе со 3-1.

Сепак, и српскиот ас имаше реална можност да го сврти резултатот. Во решавачкиот тајбрејк водеше со 4-3 и имаше два сервиси во низа, но не успеа да ги искористи и му дозволи на противникот повторно да ја преземе контролата.

По два часа и 37 минути игра, Дрејпер дојде до победата и обезбеди пласман во следната рунда, каде што ќе се соочи со Данил Медведев. Meсто во следната рунда без поголеми проблеми исто така обезбеди и Карлос Алкараз кој беше подобар од Каспер Руд со 6-1 и 7-6.

Инаку, Ѓоковиќ во својата кариера пет пати го освојуваше престижниот турнир во калифорниската пустина, но од 2016 година наваму само еднаш, во 2017 успеа да стигне подалеку од четвртото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот