„Гинисов рекорд за двојка со најголема разлика во висината“: Тој е 109, таа 162см

гинисов рекорд двојка велс
фото: принтскрин инста

Џејмс Луст и неговата сопруга Клои од Велс, се двојката која е впишана во книгата на Гинисови рекорди како пар со најголема разлика во висина, пишува „Daily Mail“.

33-годишниот Џејмс Луст и 27-годишната Клои се венчале во 2016 година. Клои признава дека пред да го запознае Џејмс ја привлекувале повисоки мажи, но дека со него сè се сменило… Џејмс е висок 109 сантиметри, а Клои е висока 162 сантиметри. Разликата во нивната висина е 53 сантиметри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Lusted (@dwarfmanjay)

Телевизискиот пантомимичар Џејмс, кој има редок вид на џуџест раст, ја запознал Клои преку заеднички пријатели во еден локален паб.

Се венчале во 2016 година, а Џејмс застанал на скали за да може да ја бакне Клои пред олтарот. Тие добиле и ќерка.

Клои вели дека порано секогаш ја привлекувале повисоки мажи, но тоа се променило кога го запознала Џејмс.

За секој постои некој и можеби тоа на крајот нема да биде оној што си го замислувал цело време. Се надевам дека нашата љубовна приказна ќе биде доказ дека книгата не се проценува според нејзината корица“, вели Клои.

Џејмс вели дека првично се сомневал дека таа некогаш ќе се омажи за него, но сега вели дека нивната врска докажува дека љубовта е најголемиот двигател на човекот.

Држењето на ќерка ми во раце е дефинитивно една од првите две најдобри работи што сум ги направил некогаш. Венчавката со Клои беше вториот најдобар ден во мојот живот“, додаде Џејмс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Lusted (@dwarfmanjay)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот