ГИХТ: „Болеста на кралевите“ е почеста кај мажите

Консумирањето два литра течности, здравиот начин на живот, исхраната без месо и алкохол, секојдневното вежбање, се основните препораки при појава на гихт или уричен артритис, кој се јавува како резултат на депонирање кристали на мононатриум урат (МНУ) од хиперурикемичните телесни течности во ткивата.

Гихтот уште се нарекува „болест на кралевите“, бидејќи главно се развива како резултат на дебелина, прекумерна консумација на месо и/или алкохол.
Кои се негови симптоми?

1. Силна болка во зглобовите

Гихтот предизвикува ненадејни напади на силна болка во зглобовите. Може да биде погодена и целата нога, коленото, целата рака, зглобот на раката или лакотот.

2. Пречувствителна кожа

Силна болка во еден или повеќе зглобови обично се јавува во текот на ноќта. Болката се зголемува, зглобот отекува, а кожата над зглобот станува пречувствителна, црвена или виолетова, напната, блескава и топла.

3. Болни допири

Допирањето на кожата над зглобовите може да биде многу болно. При акутен напад на гихт, исто така, може да се појави треска, слабост и забрзана работа на срцето.

4. Сериозни оштетувања

Гихтот може да предизвика сериозни оштетувања на зглобовите и тетивите. Зафатените зглобови може трајно да се оштетат и деформираат.

5. Почесто се јавува кај мажите

Гихтот е 20 пати почест кај мажите отколку кај жените. Обично ги погодува средовечните мажи и жени по менопаузата.

6. Други болести

Заболените од гихт често страдаат и од други болести, какви што се зголемен крвен притисок, дијабетес, срцеви заболувања, зголемени масти во крвта, камења во бубрезите, дебелина…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот