Гидсел: Ние играме малку побрз ракомет, да не навлегуваме многу во физички дуели со Македонците
В петок (16 јануари) од 20.30 часот во Хернинг, најдобрата македонска машка ракометна репрезентација ќе го игра првиот натпревар на Европското првенство против еден од домаќините на натпреварувањето, Данска.
Препорачано
Данците се први фаворити во нашата група Б, а воедно им се даваат и најголеми шанси за освојување на титулата.
Избраниците на селекторот Николај Јакобсен ќе ја имаат и огромната поддршка од трибините што го прави уште потежок предизвикот за ракометарите предводени од Кирил Лазаров.
Ова ќе биде прво ЕП за Данска без легендарните имиња како Никлас Ландин, Хенрик Молгард и Микел Хансен, и сега одговорноста паѓа на Матијас Гидсел и неговите соиграчи.
– Добро сме подготвени. Знаеме дека секогаш ваквите тимови навистина ни го отежнуваат темпото, тие играат навистина физички, иако сакаме да се обидеме да го одржиме високото темпо и да играме малку повеќе брз ракомет, а не да навлегуваме толку многу во физички дуели со нив – се зборовите на Гидсел на официјалниот сајт на ЕХФ.
Данците се актуелни светски и олимписки шампиони, а последен пат се искачија на врвот на Европа во 2012 година.
Данска и Македонија последен пат на ЕП се соочија во 2022 година кога скандинавската селекција триумфираше со 31:21.
Македонија успеа во квалификациите за ЕП 2022 во селекторското деби на Лазаров во Скопје да слави голема победа над Данска која ретко го вкусува поразот.
ВИДЕОАНКЕТА: Што очекувате од ракометната репрезентација на Европското првенство?
Миркуловски: Сите знаат колку е силна Данска, нема да калкулираме


