Ги опколи полицијата како да се криминалци: Две другарки во Британија казнети со 500 евра само заради ова
Британските власти се непопустливи и бараат задолжителните рестриктивни мерки да ги почитуваат сите граѓани. Така за навидум наивна постапка, две жени се парично казнети со 500 евра само затоа што отпатувале на неколку километри од домот и направиле пикник, објави британски „Метро“.
Препорачано
Џесика Ален и Елиза Мур биле опколени од страна на полицајците откако покрај забраните и рестриктивните мерки, заминале на пикник во Дербшир.
Поради моменталната состојба со коронавирусот во земјата забранети се сите видови собири на граѓаните, па дури и на отворено.
Џесика и Елиза тврдат дека го почитувале протоколот и мерките, и не загрозиле никого зошто и немало луѓе во нивна близина.

Според последните мерки кои важат во Британија на граѓаните им е дозволено еднаш дневно да излезат од дома за да вежбаат или да прошетаат, а притоа да не ја напуштат населбата или регионот.
Откако заработија парична казна девојките поднесоа барање да се отповика казната зошто не направиле и поради начинот на кој ги третирала полицијата.
Од друга страна, додека граѓаните на Островот ги држат строго, медиумите забележуваат деак високи претставници на власта исто така го прекршувале правилникот што е на сила. Засега се уште е задолжително носењето маски и намалувањето на бројот на луѓе кои смеат да влезат во продавница, како и да се почитува дистанцата.


