Германски репрезентативец поседувал нелегално оружје, ќе мора да плати речиси пола милион евра
Германскиот репрезентативец и фудбалер на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми се најде во непријатна ситуација откако бил фатен со недозволено оружје, поради што ќе мора да плати висока парична казна од 450.000 евра.
Препорачано
Како што пренесува „Билд“, кај младиот фудбалер биле пронајдени боксирач и електрошокер, што претставува прекршување на германските закони и резултирало со строга санкција.
Случајот го потврди и директорот на германската репрезентација, Руди Фелер, кој остро го осуди потегот на Адејеми, нагласувајќи дека ваквото однесување е недозволиво за еден национален репрезентативец.
Адејеми има можност казната да ја подмири и на 60 дневни рати од по 7.500 евра. И покрај висината на казната, исходот се смета за поволен за фудбалерот, бидејќи за ова дело во Германија е можно и издржување затворска казна.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
57мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


