Германски фудбалери го напуштија теренот по расистички навреди

EPA-EFE/Maja Hitij

Олимписката фудбалска репрезентација на Германија го напушти теренот пет минути пред крајот на дуелот со Хондурас поради расистички навреди.

Станува збор за пријателски натпревар како дел од подготовките пред настапот на Олимписките игри во Токио. Веднаш по израмнувачкиот гол на Германија преку Феликс Удуокаи, на мета на расистички навреди се најде 23-годишниот фудбалер на на Херта, Џордан Торунарига. Останатите фудбалери на Германија, во знак на солидарност со соиграчот, веднаш го напуштија теренот.

Торунарига е роден во Кемниц и е фудбалер на Херта од својата деветта година, а деби настапот за првиот тим го имаше на 19 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот