Германска „Комерцбанка“ ќе затвора половина од своите подружници

Се планира во оваа група да бидат затворени од 10.000 до 32.792 работни места.

„Комерцбанка“ има во план да затвори повеќе од половина од речиси 1.000 подружници на територијата на Германија до крајот на 2023 година, пишуваат германските медиуми.

Покрај тоа, се планира во оваа група да бидат затворени од 10.000 до 32.792 работни места.

Во овој чекор се вклучени и најавените намалувања минатата есен. Тогаш овој кредитор објави дека ќе затвори 200 филијали и дека ќе го намали бројот на вработени за 4.300 лица, што пак требаше делумно да биде надополнето со отворање на околу 2.000 работни позиции на други места.

Според информациите, концептот на извршниот одбор на повеќе места се повикува на експертското мислење кое сојузната влада како најголем акционер во „Комерцбанка“ го нарача од консултантската компанија „BCG“ во 2019 година.

Сојузната влада извештајот го нема објавено се уште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот