Германија се откажа од судење на поранешен чувар на конц-логор: Неспособен е да се брани

Фото: EPA-EFE/MIKOLAJ SPRUDIN POLAND OUT

Маж, познат под името Хари С., кој беше обвинет дека бил чувар во концентрациониот логор Штутхоф во нацистички окупираната Полска, е прогласен за неспособен за судење.

Хари С. наводно работел како чувар во концентрациониот логор во кој за време на холокаустот се убиени околу 65.000 луѓе.

Судот во Вупертал, Германија, требаше да му суди, бидејќи „помагал и овозможил убиства на неколку стотици луѓе“, изјави портпаролот на судот, Кристијан Ланге, за „Си-Ен-Ен“.

Чувар во нацистички логор

– Но, поради неговата неспособност на разбирлив и јасен начин, шпрестанува судењето, додаде Ланге.

Судот, меѓутоа, одлучи „тој да ги поднесе настанатите трошоци за време на процесот“.

Хари С. беше обвинет дека од април во 1944 година до мај во 1945 година бил чувар во нацистички логор во близинна на Гдањск.

Судот наведе оти постојат „силни докази“ дека тој го обезбедувал превозот на 598 затвореници со Аушвиц од кои 596 биле убиени во гасни комори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот