Германија разгледува уште едно задолжување од 50 милијарди евра

Средства ќе бидат наменети за финансирање на пакетот државни мерки за поттикнување на економското опоравување.

Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, размислува за дополнително задолжување на земјата од 50 милијарди евра.

Според него овие средства ќе бидат потребни за финансирање на пакетот државни мерки за поттикнување, пренесува „Ројтерс“.

Планот за ново задолжување сведочи за огромниот фискален пресврт во Германија, која од некогашен европски шампион во штедење се претвори во еден од најголемите трошаџии во рамки на напорите на еврозоната за справување со негативните последици и економски ефекти предизвикани од пандемијата со корона вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот