Иако се уште нема официјални информации, германските медиуми повикувајќи се на извори од политичките кругови во земјата тврдат дека правилото ќе биде продолжено, но и дека ќе биде воведена годишна квота од 15.000 работници за сите земји од Западен Балкан.
Германија е се поблиски до одлука да ги продолжи правилата за вработување нискоквалификувата работна сила од Западен Балкан.
Овие правила земјата ги воведе во 2016 година и беше предвидено тие да траат до крајот на оваа година, а наскоро германските политички партии треба да донесат одлука дали сакаат да го продолжат ова правило по завршувањето на 2020 година.
Иако се уште нема официјални информации, германските медиуми повикувајќи се на извори од политичките кругови во земјата тврдат дека правилото ќе биде продолжено, но и дека ќе биде воведена годишна квота од 15.000 работници за сите земји од Западен Балкан.
И покрај недостатокот на информации, германскиот весник „Велт ам сонтаг“ објави статија во која се тврди дека парламентарниот клуб ЦДУ-ЦСУ, односно партијата од која доаѓа канцеларката Ангела Меркел, ќе даде поддршка за продолжување на оваа одредба, но со воведување квота.
Како што велат во Сојузното министерство за труд, управувањето со миграцијата е можно со издавање на дозволи, односно визи, во согласност со, како што објаснуваат, потребите на пазарот на трудот, доколку за специфични работни места нема кандидати од Германија или други земји од ЕУ.
Според неодамна објавената статистика, минатиот месец Германија имала дури 600.000 повеќе невработени од претходната година. Сепак, многумина истакнуваат дека напорната физичка работа на градилиштето сè уште не привлекува значителен број Германци, и покрај зголемената невработеност, а токму тоа е браншата во која најчесто се вработуваат неквалификувани работници од Западен Балкан.
Покрај тоа, како што покажа германската студија, Западен Балкан има квалификувани занаетчии што и се потребни на Германија, а таа земја нема доволно такви луѓе – како ѕидари, водоводџии, електричари, столари.