Герет Бејл заминува во пензија по ЕП?!

EPA-EFE/Julian Finney

Велшкиот репрезентативец се наоѓа на крстопат.

Герет Бејл по завршување на сезонава треба да се врати во Реал Мадрид каде сигурно би ја греел клупата дури и да дојде нов тренер на местото на Зинедин Зидан. Исто така во игра е и останување на Бехл во Тотенхем бидејќи со евентуалното заминување на Хари Кејн, тој би добил поголема минутажа но и би станал лидер на тимот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Бејл во Тотенхем заминал само за да остане во форма бидејќи со репрезентацијата на Велс го очекува настап на Европското првенство. Тие исто така пишуваат дека условот за Кејн оваа сезона да ја помине на позајмица во Тотенхем е да тренира само три пати недела и да ги бира натпреварите на кое ќе игра. Бејл не сакач да игра по 2-3 натпревари неделно поради честите повреди и имал посебен режим на тренинг.

Според медиумите во Шпанија, Бејл нема намера да остане во Тотенхем уште една сезона туку ќе се врати во Реал Мадрид за да ја земе отштетата од шпанскиот клуб за последната година од договорот која изнесува 17 милиони евра нето, по што би се пензионирал.

Весникот „Ас“ пишува дека Бејл одамна го загубил интересот за фудбалот, освен за репрезентатицијата на Велс. Тој има 33 години и според весникот сака повеќе време да поминува со семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот