Чистење во Капиштец/ Фото: Општина Центар

Герасимовски бара итна средба на ЗЕЛС поради катстрофата со ѓубрето во Скопје

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска испратил допис до Управниот одбор на ЗЕЛС за одржување на итна седница на која ќе побара да се најде решение за проблемот со сметот како на територија на Центар, така и во цело Скопје.

Утрово пуштив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС, се слушнав и со директорката на ЗЕЛС, побарав итна седница на ЗЕЛС каде што ќе се побара решение на овој проблем. Изминатите пет дена комуналното претпријатие воопшто не се појавува на улиците во Општина Центар и се соочуваме со огромни проблеми, а набрзо не дај боже и со зарази, вели Герасимовски.

Ѓубре во Капиштец/ Фото: Општина Центар

Тој потенцираше дека побарал дополнителна механизација од неговите колеги градоначалници од другите општини во државата, за да може општината сама да го расчисти сметот, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје повторно потфрлија и пет дена не го собираат сметот од улиците.

Комуналците го оставија Скопје да стане депонија, ќе одговара ли некој?

Утрово Герасимовски информираше дека општинските служби, заедно со хигиеничари повторно го чистат сметот на територија на општината и просторот околу контејнерите.

И покрај тоа што ЈП „Комунална хигиена“ повторно потфрли во навременото собирање и транспортирање на сметот, Општина Центар и овој пат интервенираше со сопствени ресурси за да ја одржи хигиената на највисоко ниво и да обезбеди чиста и уредна средина за центарци. Сметот е исчистен во Капиштец, акцијата продолжува и во другите населби. Секогаш кога има застој од градската власт, Општина Центар реагира веднаш,  рече градоначалникот.

Герасимовски, потенцира дека службите се на терен со целата механизација во две смени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот