Гелови за дезинфекција на раце ќе се поставуваaт во влезови на зградите во Општина Центар

Во Општина Центар во тек е поставување на геловите за хигиенска дезинфекција на раце во влезовите на колективните згради за справувањето со епидемијата на вирусот Ковид 19.

Од Општината информираат дека на терен се нивни мобилни тимови за помош и поддршка на ранливите групи на граѓани, деца, пензионери, болни и изнемоштени лица, дека основните училишта својата наставна програма ја изведуваат онлајн, а се дезинфицираат и влезовите на зградите, улиците и јавните површини.

-Сите заедници на станари, кои имаат потреба од поставување на дезинфекциски гел за раце во нивниот влез, може да аплицираат телефонски, на 02/3203-682 или со барање по електронски пат, на [email protected], информираат од Општина Центар.

Градоначалникот Саша Богдановиќ апелира до сите жители на општината да се придржуваат до мерките и препораките на Владата и на Министерството за здравство, затоа што само со почитување на мерките, сите заедно можеме да излеземе како победници од епидемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот