Гелевски: Дали програмата за култура е резултат на вкоренет клиентелистички систем?

Годишната програма за проекти од национален интерес на Министерството за култура предизвика реакции на онеправденост кај авторите, цела редица обвинувања од страна на опозицијата, како и најава за проверка на програмата од страна на Антикорупциската комисија.

Никола Гелевски, издавач, вели дека е очекувано да има повисоки тонови и нервоза како и чувство на онеправденост.

„Дури и да се идеални условите би имало незадоволство бидејќи парите реално се малку. Сега ситуацијата е подобра отколку пред неколку години во времето на груевизмот, зашто тоа беше страшно, недемократски и нетранспарентно“, вели Гелевски.

Според Гелевски, токму Министерството за култура е центарот на сите проблеми заради неговата неподготвеност да ги следат и да го помагаат реализирањето на проектите.

„Најлошо е што во сферата на култура сегашнава власт ја презема практиката корумпираност“, вели Гелевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот