Тедрос Аданом Гебрејсус / Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Гебрејесус: Масовната употреба на трета доза вакцина против коронавирус е скандалозна

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ја критикуваше масовната употреба на трета доза на вакцина против коронавирус во услови на ниско ниво на вакцинација во земјите со низок приход по глава на жител.

За време на денешниот брифинг во Женева, тој го опиша како скандалозен фактот што дневниот број на испорачани засилувачки вакцини е шест пати поголем од бројот на луѓе кои примиле прва доза во земјите со ниски приходи.

– Секој ден во светот се даваат шест пати повеќе засилувачки дози, отколку први дози во земјите со ниски приходи. Ова е скандал што мора да престане, рече тој.

Според него, „нема смисла да се даваат трети дози на здрави луѓе или да се вакцинираат деца кога, истовремено, здравствени работници, повозрасни лица и луѓето од други ранливи групи сè уште ја чекаат својата прва доза”. Исклучок се луѓето со ослабен имунитет.

Гебрејесус нагласи дека „земјите со највисоко ниво на вакцинација продолжуваат да складираат уште повеќе вакцини против Ковид-19, додека земјите со ниски приходи продолжуваат да чекаат”.

Има само две земји во светот кои се уште не започнале со вакцинација – Еритреја и Северна Кореја.

Генералниот директор на СЗО потсети дека организацијата има поставено цел до крајот на оваа година да достигне најмалку 40 отсто вакцинирано население против коронавирус во сите земји низ светот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот