Газдата на Сакраменто кингс заинтересиран да го купи Интер

Вивек Ранадив е сопственик на Сакраменто кингс/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Актуелниот сопственик на Интер,Стивен Жанг планира да го продаде клубот на акционери од САД, но исто така сака и да заработи на продажбата.

Жанг се притиснат од владата во Пекинг да го продаде Интер и парите да ги вложи во Кина, а сериозен интерес за купување на италијанскиот тим пројавува актуелниот сопственик на НБА тимот Сакраменто кингс, Вивек Ранадив.

Жанг продажбата на Интер и ја довери на банката Голдман Сакс, а сумата која ја бара изнесува 1,2 милијарди долари, околу 200 милиони евра повеќе од тоа што досега го вложи во „нераѕурите“.

Вивек Ранадиц е американски милијардер со индиско потекло кој се збогати со продажба на софтвер. Тој е актуелен сопственик на Сакраменто кингс, а претходно беше и потпретседател на уште еден НБА тим, Голден Стејт вориорс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот