Евангелос Маринакис/EPA/GEORGIA PANAGOPOULOU

Газдата на Олимпијакос испрати тужба за тепачката во финалето од Евролигата

Финалето од Евролигата беше засенето од инцидент, откако во физичка пресметка влегоа сопственикот на Олимпијакос и Нотингем форест, Евангелос Маринакис и поранешниот советник на грчкиот премиер, Григорис Димитријадис.

Според информациите од грчките медиуми, инцидентот прераснал во физички судир, по што Маринакис решил да поднесе тужба и најавил дека ќе бара санкции против Димитријадис за нападот.

На видеоснимките што се појавија на социјалните мрежи може да се забележи како двајцата разменуваат навреди од спротивни страни на заштитната ограда, додека обезбедувањето се обидува да спречи поголем инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот