Газа: 14 лица загинаа во нови израелски напади
Службата за цивилна заштита во Газа објави дека 14 лица се убиени денес во израелските напади врз палестинската енклава која е опустошена од повеќе од 21 месец војна.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Воени авиони извршија напади, а артилеријата испука гранати врз сектори северно од Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа, според истиот извор.
Според службеникот на Цивилната одбрана Мохамед ал-Мугаир, 10 Палестинци биле убиени во два напади во областа Кан Јунис, едниот врз куќа, а другиот врз шатори во кои биле сместени раселени лица.
Во северниот дел на Појасот Газа, 4 лица беа убиени во напад во областа Џабалија ал-Назла, додаде тој.
На прашањето за инцидентот од страна на агенцијата Франс Прес, израелската армија не даде веднаш коментар.
Со оглед на ограничувањата што ги наметна Израел врз медиумите, кој го држи под опсада Појасот Газа, и тешкотиите за пристап до локацијата, агенцијата Франс Прес забележува дека не е во можност независно да ги провери извештаите на различни тела и организации.
Војната во Газа беше предизвикана на 7 октомври 2023 година, од невиден напад на Хамас врз Израел, во кој беа убиени 1.219 лица од израелска страна, претежно цивили, според пребројувањето на АФП врз основа на официјални бројки.
Најмалку 58.667 Палестинци, претежно цивили, се убиени во израелската кампања започната како одмазда во Појасот Газа, според бројките од Министерството за здравство на владата контролирана од Хамас, кои Обединетите нации ги сметаат за веродостојни.


