Гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Чоколаден авокадо мус (веган)

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

– Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната – ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – чоколаден авокадо мус (веган).

– Поздрава верзија од класичниот мус, со прекрасни состојки, без рафиниран шеќер, а вкусот е фантастичен, чоколаден, со прекрасна кремаста текстура – порачува Дијана.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 2 поголеми авокада (зрели)
– 40 грама чоколада или чоколаден чипс
– 25 грама какао
– 85 грама јаворов сируп или агаве
– 60 мл растително млеко
– 1 лажица ванила екстракт
– Прстофат сол

Подготви:

Растопете ја чоколадата во сад што е ставен над тенџерче со вода што врие. Водата не треба да го допира садот. На овој начин чоколадата нежно се топи и нема опасност од загорување. Може да ја растопите и во микробранова печка, ако ви е така полесно.

Авокадото извадете го од лушпа и отстранете му ги семките. За овој рецепт многу е важно авокадото да биде зрело за да се добие мазна и кремаста смеса.

Сите состојки ставете ги во процесор за храна или посилен блендер и мешајте додека не добиете хомогена, мазна смеса. Оставете го малку да се излади во фрижидер.

Мусот префрлете во чаши и уживајте.

Одозгора можете го декорирате по желба, со јатки, овошје, гранола. Превкусно е и само така, без ништо.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот