Фото: Screenhoot/YouTube

Гарабаја пред битката со европскиот шампион: На никого не му е лесно кога игра во Битола

Eкипата на Еурофарм Пелистер ќе игра нов натпревар во Лигата на шампионите и тоа против европскиот шампион Маагдебург.

Битолскиот клуб ќе го пречека еден од тимовите кои се без пораз во ракометната елита, а денеска пред овој натпревар зборуваше тренерот Рубен Гарабаја.

„Не е лесно да се игра против Магдебург. Имаме искуство од првиот натпревар и треба многу работи да подобриме за да имаме шанси против нив. За среќа сега го имаме комплетниот ростер, не бевме во нашиот најдобар момент кога игравме во Германија. Мора да обратиме внимание на нивниот контра напад и брзата игра. Постигнуваат многу голови со многу трчање. Лесно е да се каже дека тоа може да се сопре, треба да се реализира на терен и да се биде максимално фокусиран. Верувам дека ќе биде поинаку за разлика од првиот меч. Најмногу заради тоа што играме на домашен терен.

 

Не е лесно да се игра тука, во оваа атмосфера. Видовте каква беше разликата против ПИК Сегед. Нашиот учинок беше многу различен во двата натпревари и се надевам дека можеме да повториме и да одиграме подобро против Магдебург на домашен, отколку на гостински терен. Не беше предобро во Битола против ПИК Сегед и прелошо во Унгарија. На домашен терен

во првиот дел нашите голмани имаа 52% одбрани и тоа ни даде предност од пет гола и нè стави во ситуација да го водиме натпреварот.

Во вториот дел одбраните на голманите на двете екипи беа изедначени и на крајот завршија со слични бројки. На натпреварот во Сегедин имаше голема разлика.

 

Нивните голмани го завршија натпреварот со 21 одбрана од 42 шута, што е десет одбрани повеќе од вообичаено. Можеби петнаесет разлика не се реален пораз за нас. Тие заслужија победа, но ние не бевме толку лоши како што кажува резултатот“, изјави Гарабаја.

Натпреварот помеѓу македнскиот шампион и Магдебург е закажан за в среда во терминот од 20:45 часот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот