ГАЛЕРИЈА | Свечено отворање на „Плазма – Спортските игри за млади“ во Македонија
Денеска, 8 мај 2026 година, на Плоштад Македонија во Скопје со богата музичко-забавна програма, спортски активности, присуство на познати спортски амбасадори, се одржа Свеченото отворање на „Плазма – Спортските игри за млади“.
Препорачано
Македонија годинава официјално се приклучи на платформата „Спортски игри за млади“ со што се отвора ново поглавје во развојот на младинскиот спорт.
Оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа која веќе 30 години организира спортски натпревари за деца од 6 до 18 години во кои досега учествувале над 3.440.000 учесници.

Во оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа од Македонија годинава ќе бидат вклучени над 27.000 деца.
Најдобрите поединци од регионалните натпревари ќе настапат на финалниот државен натпревар, а најуспешните потоа ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната завршница на Игрите во Сплит, Хрватска, каде што неколку дена ќе се дружат и ќе се натпреваруваат со врсниците од земјите што се вклучени во проектот.
Со пристапувањето кон оваа меѓународна платформа, Македонија им се приклучува на Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина, кои веќе ги имаат имплементирано Игрите.

Истовремено, Македонија, креира и сопствена национална платформа со акцент на младите, како и засилување на соработката на училиштата, општините, националните спортски федерации и бизнис-заедницата како во домашни рамки, така и на регионалната спортска сцена.
Министерот за спорт, Борко Ристовски нагласи дека вложувањата во младите и во спортот се приоритет и во таа насока, во првата година од „Плазма – Спортските игри за млади“ во Македонија, Министертвото за спорт и Владата ќе го понесат најголемиот дел од финансискиот товар за успешно спроведување на оваа голема младинска манифестација, воедно упатувајќи и благодарност до спонзорите кои ги поддржуваат Игрите.


















