ГАЛЕРИЈА: Канцелариски простор во објект на улица Рајко Жинзифов во Скопје

Изведбата на проектот е од скопското архитектонско студио „Студио 90“.

Канцеларискиот простор на фотографиите се наоѓа на приземјето на еден станбен објект во центарот на Скопје, изграден пред земјотресот во 1963 година. Поради претрпените оштетувања, поставени се структурни зајакнувања што го делат просторот во неколку зони.       

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Од главната улица се пристапува во централниот отворен дел со целосно застаклен излог ориентиран кон исток, а задниот дел што е делумно затворен има посебен излез кон задниот двор.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Ваквиот распоред совршено одговори на потребите за просторна организација на работните процеси во Академик кои подразбираат индивидуална истражувачка работа, работа во тимови, организација на предавања и обуки, менаџирање на продажба.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Во работниот дел доминираат бели површини, во комбинација со неколку бои кои ги акцентираат просторни елементи. Одбран е канцелариски мебел со едноставен дизајн од колекцијата на Burotime, комбиниран со неколку парчиња изработени по мерка.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Постои можност работните станици да се комбинираат, во зависност од големината на работниот тим. Салата за состаноци и просторијата за предавања и обуки се изолирани од централниот дел.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

 

 

Целта при уредувањето на канцелариите беше да се нагласат затекнатите квалитети на внатрешниот простор – волуменот, големата висина на плафоните, интензитетот на природната светлина. Употребата на боја е строго концентрирана само на еден ѕид, и на неколку парчиња мебел поставени во просторот.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ, КЛИКНЕТЕ ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот