ГАЛЕРИЈА | Боемски шик во стан во Козле: Како изгледа кујната од вашите соништа?

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Изведбата на проектот е од скопското архитектонско студио „Студио 90“

Современата кујна тешко е да се замисли како изолирана соба во рамките на станот или куќата. Според сите најнови трендови, кујната е отворена и споена со просторот за дневен престој и трпезаријата.

Кујната како центар на сите случувања во домот

Универзумот на двајца млади во Скопје е реализиран во eclectic-boho стил, инспириран од широк спектар на извори, со повеќеслојни преклопувања на различни материјали, бои и дезени.

Елементите во кујната се изработени од дрво – орев во природна, темна нијанса, во комбинација со метални црни полици каде се распоредени омилените предмети на корисниците.

Сјајните рустични плочки во зелена боја и карактеристични шари се уникатен акцент во просторот.

Фото: Марко Костовски / Студио 90
Фото: Марко Костовски / Студио 90

Кујнскиот остров исто така е изработен од масивно дрво – орев, а просторот под и над островот е искористен за одлагање на приборот што секојдневно се користи при подготовка и консумирање на храна.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

 

Смелост во изборот на текстури и материјали

Суштината на боемскиот шик е едноставна: земете ги сите ваши омилени предмети – иако се различни по боја, форма и текстура, и уживајте во нивното комбинирање за да создадете уникатен ентериер.

Фото: Марко Костовски / Студио 90

Во овој ентериер постојат повеќе акценти со нагласување на зелената боја во различни елементи. Осветлувањето е поставено со цел да ги нагласи местата со различни бои и текстури.

Фото: Марко Костовски / Студио 90
Фото: Марко Костовски / Студио 90

Рамнотежата во просторот е постигната со селектирање на парчињата мебел и нивно внимателно распоредување.

Фото: Марко Костовски / Студио 90
Фото: Марко Костовски / Студио 90

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот