Гаџа: Со добра одбрана може да се надеваме на бодови во Загреб

Анте Гаџа
Анте Гаџа очекува тежок натпревар против ППД Загреб/ фото: Слободен печат - Драган Митрески

Ракометарите на Вардар се наоѓаат во серија од шест порази по ред во Лигата на шампионите со што ги искомпликуваа шансите за пласман во нокау-фазата. Вардарци се наоѓаат на шестото место на табелата во групата А со пет бода, еден повеќе од ППД Загреб на кого му гостуваат в среда.

Поранешниот ракометар на ППД Загреб, а сега играч на Вардар, Анте Гаџа смета одбраната може да одлучи победникот, но во исто време предупредува дека хрватскиот тим игра се наоѓа во добра форма.

– Нѐ очекува двобој со Загреб во ЛШ и се надеваме дека ќе одиграме добар натпревар и ќе се вратиме во Скопје со одлично расположение. Загреб ја подобри формата и освои многу бодови во претходниот период. Мора да бидеме сконцентрирани и борбени за да се соочиме со нив. Треба да одиграме паметно, а доколку бидеме добри во одбрана, тогаш може да се надеваме на бодови – вели Гаџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот