Футсалците поразени од БиХ со сомнителен гол на 12. секунди пред крајот на натпреварот 

фото: ФФМ

Футсал репрезентацијата на Македонија е поразена од селекцијата на БиХ во квалификациите за ЕП со сомнителен гол постигнат на 12. секунди до крајот на натпреварот. Репрезентативецот на БиХ, Билал Јелиќ постигна гол, а прашање е дали топката со цел обем на помина гол-линијата, но судијата го призна голот и со тоа му донесе триумф на лидерот во квалификациската група.

Избраниците на селекторот Васко Скендеровски во два наврати успеаја да се вратат од негатива, прво Ранготов во 23. минута израмни на 1:1 откако претходно Сесар погоди за водствона БиХ.  Гостите повторно поведоа во 36. минута со голот на Хркиќ, а Македонија дојде до израмнување на 78. Секунди до крајот на натпреварот кога погоди Рамадан. Сепак, на 12. Секунди до крајот Јелиќ постигна гол со кој БиХ го задржа максиманиот ефект во квалификациите, додека Македонија остана на последното место на табелата со два бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот