Футсалците бркаат СП, против Словенија за второто место

ffm.mk

Македонската А футсал репрезентација в четврток ќе ги започне натпреварите од главната рунда во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2020. година.

Нашата селекција на стартот ќе игра против Словенија во 17:30 во спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје, а до крајот на турнирот во организација на Фудбалската федерација на Македонија ќе се соочиме со Косово (петок, 17:30 часот) и против Украина (недела, 17:30 часот).

Селекторот на македонската А футсал репрезентација, Иван Божовиќ се соочува со проблеми поради повреди на влијателните играчи Даниел Де Соуса и Драган Петровиќ, но вели дека нема да се откажеме од борба за втората позиција во групата.

– За натпреварите од турнирот дефинитивно нема да сметаме на Даниел Де Соуса и Драган Петровиќ поради повреди, а тоа е сериозен удар за шансите на македонската репрезентација силно да се спротивставиме на репрезентациите во групата, посебно на словенечката селекција и да се бориме за второто место. Украина е топ фаворит за првата позиција и би било сензација доколку не го потврдат тој статус. Во вакви околности, без повредените Даниел и Петровиќ и со недоволно залечените Исмаили и Рамадан, Словенија е фаворит, но тоа не значи дека ќе се предадеме однапред. Сите што ќе настапат знаат дека мораат да дадат и повеќе од своите можности за да оствариме позитивен резултат. Со играчите кои ги имаме на располагање се подготвуваме максимално и на терен ќе излеземе да дадеме сѐ од себе и се надеваме на резултатски добро отворање на турнирот – рече селекторот на футсал репрезентацијата, Иван Божовиќ.

Првопласираните две репрезентации од групата ќе обезбедат настап во завршната трета елитна рунда како последна пречка на патот кон Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот