Футсал репрезентацијата ослабена на двомечот со Србија

Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Македонската футсал репрезентација в петок против Србија во Врање ќе го одигра натпреварот од третиот круг од квалификациите за Европското првенство. Три дена подоцна ќе се игра реваншот и тоа во С.Ц. “Јане Сандански”.
Селекторот Васко Скендеровски за двомечот со Србија нема да смета на повредениот Даниел Де Соуса, а неизвесни за настап се и Ранготов и Крстевски.
– Не очекуваат два исклучително тешки натпревари против петтата најдобра селекција во светот. Хендикеп за нас е отсуството на еден од нашите најдобри играчи, Даниел Де Соуса, како и повредите на Крстевски и Ранготов. Исто така, поради Ковид протоколите тимот се комплетираше пред два дена, но се додека постојат шанси нема предавање и ќе се обидеме да направиме изненадување на овие два натпревари со што би ни се отворил патот за Европското првенство. Како што ветив и минатиот пат, продолжува трендот на подмладување. На овој собир вклучивме тројца дебитанти за да ја почувствуваат атмосферата во националниот тим. Овие натпревари се голем притисок за Србија, освоија само бод, а беа посочени како топ фаворити во групата и можеби тука е нашата шанса за изненадување – вели селекторот Скендеровски.
Футсалците досега одиграа два натпревари и имаат учинок од еден пораз и реми, поразот е од БиХ на гости (2:1), додека ремито е на домашен терен против Романија (2:2).

Селекторот Скендеровски за дуелите со Србија ќе смета на следните играчи:
Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цујо), Иван Стојановски (Шкупи);
Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина Мабетекс, Косово), Харис Омеровиќ (Арбен Бајрами);
Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Игор Леовски (Славија Прага, Чешка), Адријан Мицевски (Бетон бојс, Германија), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Калчевски (Велес), Петар Даиловски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Џокица Арсовски (Стуттгартер, Германија);

– Не очекуваат два исклучително тешки натпревари против петтата најдобра селекција во светот. Хендикеп за нас е отсуството на еден од нашите најдобри играчи, Даниел Де Соуса, како и повредите на Крстевски и Ранготов. Исто така, поради Ковид протоколите тимот се комплетираше пред два дена, но се додека постојат шанси нема предавање и ќе се обидеме да направиме изненадување на овие два натпревари со што би ни се отворил патот за Европското првенство. Како што ветив и минатиот пат, продолжува трендот на подмладување. На овој собир вклучивме тројца дебитанти за да ја почувствуваат атмосферата во националниот тим. Овие натпревари се голем притисок за Србија, освоија само бод, а беа посочени како топ фаворити во групата и можеби тука е нашата шанса за изненадување –  изјави селекторот Васко Скендеровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот