Фудбалско понижување: ПСЖ им се заканува на свои играчи дека ќе ги испрати во петтата лига

Мауро Икарди е прекуброен во ПСЖ/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Францускиот шампион ПСЖ им се закани на неколку свои фудбалери дека ако не се согласат да бидат продадени или нема интерес за нив до крајот на преодниот рок, може да ги префрли во вториот тим на „светците“ што се натпреварува во петтата лига, пишува „Лекип“.

Според весникот, управата на ПСЖ ова предупредување го испратила до седум фудбалери и тоа НМа

Овие играчи не се во плановите на новиот тренер Кристоф Галтие, а претставуваат трошок за клубот поради ницвните големи плати.

Отпишаните фудбалери тренираат одвоено од првиот тим, најчесто работат со јуниорите на ПСЖ, но мора да учествуваат во рутинските собири на главниот тим како што се предавањата или заедничките ручеци.

Новиот спортски директор, Луис Кампос, се обидува да ги продаде прекубројните, но засега нема сериозни понуди за нив. Во исто време, самите фудбалери не сакаат да заминат било каде, односно не сакаат да се откажат од своите големи плати и претпочитаат да седан на клупата на ПСЖ наместо да ги раскинат договорите.

ПСЖ за Курзава плати 25 милиони евра, за Дракслер 36 милиони, 37 милиони за Керер, за Геје 30 милиони и за Икарди 50 милиони евра. Останатите играчи дојдоа како слободни агенти или за мали суми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот