Фудбалски земјотрес во соседството: Роберто Карлос ќе биде нов селектор на Косово?!

Бразилецот е еден од кандидатите за нов селектор на Косово/ фото: EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Легендарниот бразилски репрезентативец Роберто Карлос наскоро може да работи во соседството, тој е едно од имињата како можен нов селектор на репрезентацијата на Косово.

Репрезентацијата на Косово остана беше селектор откако Бернард Шаланд доби отказ, па челниците на фудбалската федерација на Косово, започна преговори со легендарниот бек на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, Роберто Карлос.

Карлос кој со репрезентацијата на Бразил триумфира на Светското првенство 2002 година, има далеку поуспешна играчка кариера отколку тренерска.
Неговиот последен тренерски ангажман беше пред шест години кога го предводеше индискиот Делхи Динамос, а претходно ги има тренирано екипите на Сиваспор и Акишаспор и Анжи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот