фото: твитер

Фудбалерите на Јувентус посилни од коронавирусот

Италијанскиот шампион Јувентус денеска потврди дека двајца фудбалери се излечени од коронавирусот.

„Старата дама“ потврди дека дефанзивецот Даниеле Ругани кој беше првиот фудбалер во Серија А што беше позитивен на ковид-19 и играчот од средниот ред, Блез Матуиди, се целосно излечени и нивниот повторен тест е негативен.

Кај фудбалерите на Јувентус остана уште Пауло Дибала и неговата девојка да ја победат тешката болест.

Тие го поминаа првиот циклус од 14 дена во самоизолација по што тестот покажа дека се негативни, но неколку дена подоцна на повторното тестирање и двајцата беа позитивни на ковид-19 поради што се лекуваат во самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот