Фрлила искористен тампон кон келнерката: Сестра ѝ на Хејли Бибер направила хаос во ноќен клуб

Фото: „Chatham County Jail“/Profimedia

Алаја Болдвин (31), ќерката на актерот Стивен Болдвин (57) и постарата сестра на инфлуенсерката Хејли Бибер (27), била упасена минатата недела по инцидент во Савана, Џорџија, пишува „Пејџ сикс“.

Немилиот настан се случил во ноќниот клуб „Елан“, а снимките од надзорните камери покажуваат дека Болдвин насилно влегла во заклучената бања за вработените.

Според келнерката, таа им рекла дека треба да го смени тампонот, што ѝ било дозволено. Неколку минути подоцна, кога келнерката Хали Коли повторно влегла во тоалетот, Болдвин го извадила тампонот и го фрлила кон неа. Во тој момент, луѓето кои го обезбедуваат клубот влегле во просторијата и ја извадиле проблематичната жена надвор од клубот.

Алаја Болдвин и Хејли Бибер / Фото: Jamie McCarthy / Getty images / Profimedia

На снимката, наводно, се гледа како Болдвин дава отпор сè до излезната врата. Во полицискиот извештај стои дека јасно се гледа дека еден од вработените во обезбедувањето го влечела за коса, а друг го удрила во гениталиите.

Болдвин, сепак, претстави поинаква верзија на настаните. Таа тврди дека била „насилно отстранета од клубот“ и првично негираше дека насилно влегла во бањата на клубот. Наместо тоа, таа тврди дека им рекла на вработените дека мора да оди во тоалет за да го смени тампонот и дека ѝ се лоши.

„Таа, исто така, првично негираше дека го фрлила користениот тампон кон Коли, но подоцна изјави дека го фрлила“, пишува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот