Фрапантно истражување: Луѓето посветуваат третина од своето активно време на мобилни апликации

луѓе телефони мобилни телефони смартфон телефон
Луѓе со мобилни телефони / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Луѓето поминуваат во просек 4,8 часа дневно на своите мобилни телефони, покажуваат анализите на компанијата за аналитика на пазарот на апликации „App Annie“.

Извештајот на „App Annie“ покажува дека апликациите биле преземени 230 милијарди пати во 2021 година, додека за нив биле потрошени 170 милијарди долари.

„TikTok“ била најсимнуваната апликација на глобално ниво, а луѓето поминувале 90% повеќе време на „TikTok“ во споредба со 2020 година.

социјални мрежи

Аналитичарската фирма предвидува дека „TikTok“ ќе надмине 1,5 милијарди активни месечни корисници до втората половина на оваа година.

Просечното време поминато на мобилни апликации е четири часа и 48 минути, што е за 30% повеќе од 2019 година.

Ова се пресметува на десет пазари, вклучувајќи ги Индија, Турција, САД, Јапонија, Мексико, Сингапур и Канада. Корисниците во Бразил, Индонезија и Јужна Кореја надминале пет часа дневно.

социјални мрежи фејсбук
unsplash

Оттогаш, седум од секои 10 минути се трошат на социјални, фото и видео апликации, а „TikTok“ е водечки, се вели во извештајот.

Минатата година, британското регулаторно тело „Ofcom“ излезе со слични бројки во својата анализа, но го анализираше и времето поминато во гледање телевизија.

„App Annie“ вели дека се помалку корисници гледаат телевизија, а се повеќе се свртуваат кон апликациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот