Французите беа арогантни, ми доаѓа да заплачам од среќа

фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Швајцарија вчера го направи најголемото изненадување на Евро 2020, во пенал рулетот го елиминира актуелниот светски шампион Франција откако во регуларните 90 минути беше 3:3. Швајцарците на девет минути до крајот губеа со 3:1, но со головите на Сеферовиќ и Гаврановиќ се изборија за продолженија, а потоа и за пенали каде вистински јунак беше голманот Јан Зомер кој во петтата серија му го одбрани ударот на Килијан Мбапе.

– Ова беше неверојатен натпревар, покажавме одличен менталитет и борбеност. Горд сум на целата репрезентација, при резултат 3:1 за Франција никој не веруваше во нас, но пред натпреварот со рековме: без разлика на сценариото, одиме до крај. Французите беа силни, но станаа некако арогантни. Ми доаѓа да плачам од среќа, бевме во бездната но се вративме со неверојатен пресврт – изјави голманот Јан Зомер.

Следниот предизвик за Швајцарците е четвртфиналната пресметка со Шпанија на 2. јули во Санкт Петербург.

ВИДЕО: Крај за светскиот шампион, Швајцарија во пенал рулетот ги елиминира Французите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот