Франција предупредува: Некои лекови можат да ја влошат состојбата на болни од Ковид-19

лекови

Такви се, на пример, најчесто користените Нурофен и Диклофенак (го има во лекови за болки во мускулите, како Волтарен).

Францускиот министер за здравство Оливие Веран предупреди дека лекови што содржат нестероидни средства како што се ибупрофен и кортизон можат да ја влошат состојбата на пациентите со коронавирус.

Такви се, на пример, најчесто користените Нурофен и Диклофенак (го има во лекови за болки во мускулите, како Волтарен). При покачена температура само лекови што содржат парацетамол треба да се користат без да се надминат пропишаните дози.

Француското Министерство за здравство објави и список на непрепорачани производи.

Здравствените власти велат дека е познато дека антиинфламаторните лекови претставуваат ризик за лицата со заразни болести бидејќи имаат тенденција да го намалат одговорот на имунолошкиот систем на организмот.

Министерството за здравство препорачува пациентите да примаат парацетамол затоа што „тоа ќе ја намали треската без да има потенцијално лоша реакција на воспалението”.

Жан-Луис Монтаструк, раководител на фармакологија во болницата во Тулуз, за ​​РТЛ радио изјави: „Антиинфламаторните лекови го зголемуваат ризикот од компликации кога има треска или инфекција”.

Веран додаде дека 98 отсто од заболените од новиот коронавирус оздравеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот