Франција не се откажува од сатирата, Макрон застана цврсто зад карикатурите

epa08631047 French President Emmanuel Macron, wearing a protective face mask, as he visits a site of pharmaceutical group Seqens, a global leader on the production of active pharmaceutical ingredients, to mobilize innovation and support the research on the coronavirus disease (COVID-19), in Villeneuve-la-Garenne, France, 28 August 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN HARTMANN / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон не го крие разочарувањето. Во денеска објавеното интервју во онлајн списанието „Ле Гранд Континент”, тој жали за релативната „срамежливост “на меѓународната поддршка по последните атентати во Франција, јави дописникот на МИА.

Воздржаноста на меѓународната заедница, споед францускиот претседател делумно се објаснува, со стравот од одмазда.

-Имавме, на структуриран начин, политички и верски водачи од еден дел на муслиманскиот свет – што ги заплашуваа другите, морам да признаам велат: Тие само треба да го сменат својот закон. Ова ме шокира,вели Емануел Макрон, потврдувајќи дека Франција „нема да го смени „своето право ” затоа што шокира на друго место “.

Францускиот претседател убедува дека „пред пет години, кога беа убиени оние што правеа карикатури (во неделникот„ Шарли ебдо “), целиот свет маршираше во Париз и ги бранеше овие права”.

-Сега ние имавме заклан учител, убиени неколку луѓе. Многу од сочувствата беа скромни, осврнувајќи се на смртта на професорот Самуел Пати на 16 октомври и три лица во Ница на 29 октомври.

Емануел Макрон се осврнува и на повиците за демонстрации против Франција и против него, упатени во неколку муслимански земји по неговите забелешки за одбрана на правото на карикатура дадени за време на националната почит кон Самуел Пати.

За Емануел Макрон „токму затоа што омразата е забранета во нашите европски вредности, достоинството на човечката личност преовладува над останатите, јас можам да ве шокирам, затоа што за возврат можете да ме шокирате. Можеме да дебатираме и да се расправаме за тоа, бидејќи никогаш нема да дојдеме до тепачка за тоа бидејќи е забрането и човечкото достоинство е над сè “.

Но, „ние сме во процес на прифаќање дека лидерите, верските водачи, ставаат систем на еквивалентност помеѓу шокантното и застапеноста, и смртта на еден човек е терористички факт – тие го направија тоа – и дека сме доволно заплашени за да не се осмелиме да го осудиме ова”, продолжува тој.

-Не дозволувајте да бидеме затворени на страната на оние кои не ги почитуваат разликите. Тоа е лажно судење и манипулација со историјата, реагира Емануел Макрон. Затоа, „борбата на нашата генерација во Европа ќе биде борба за нашите слободи. Затоа што тие одат на другата страна”, предупредува тој во ова долго интервју дадено за списанието кое го уредува Групата за геополитичка студија, независно здружение со седиште во Високата школа за студии. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот