Франција и покрај кризата со корона вирусот в недела ќе ги одржи регионалните избори во земјата

Фото: Принтскрин

На гласачите им се препорачува да си носат пенкала, а на гласачките места ќе бидат доставени средства за дезинфекција.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека земјата е на почеток на епидемијата од корона вирусот. Тој ги повика граѓаните на смиреност и „граѓанско однесување“ и потсети дека 85те случаи кај кои е констатирана заразата имаат лесна форма на вирусот.

Министерот Кристоф Кастанер препорача в недела за кога е предвидено одржување на регионалните избори во земјата граѓаните да носат пенкала со сина или црвена боја, која не се брише за потпишување во изборните списоци по гласањето, за да се избегне евентуално пренесување на вирусот.

Во моментов во Франција од коронавирус се заразени 1,370 лица од кои 66 се во критична состојба, излечени се 12, а починале 30 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот