Французинот Пињар ќе го суди натпреварот Бугарија – Македонија

Жереми Пињар ќе застане на центарот во Разград/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

В четврток (2 јуни) со почеток од 18.00 часот македонската А репрезентација ќе го игра првиот натпревр од Лигата „Ц“ против селекцијата на Бугарија на гостински терен.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски се подготвуваат за претстојниот меч кој може да биде решавачки за освојување на првото место во групата „Ц4“.

Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека Французинот Жереми Пињар ќе биде главен судија на мечот во Разград.

Пињар воглавно суди натпревари од француската „Лига 1“, на меѓународната сцена беше воглавно четврти судија на мечевите од Лига Европа, Барселона – Галатасарај (0:0), Зенит – Реал Бетис 2:3, Баер Леверкузен – Аталанта 0:1…

Негови помошници ќе бидат Орелиен Друе и Лорен Кониглио исто така од Франција. УЕФА делегат е Јан Коринек од Чешка.

Емил Божиновски ќе биде контролор на дербито во првото коло од Лигата на нации меѓу Шпанија и Португалија кои ќе играат во Севиља.

Николов: Искрено, да играш четири натпревари за 10 дена е катастрофа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот