фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Францускиот фудбалер Канте донираше пет милиони долари за изградба на болница во Мали

За време на репрезентативната пауза, францускиот фудбалер Н’Голо Канте отпатува во Мали, земјата на неговите предци, каде со пет милиони долари ја финансира изградбата на модерна, висококвалитетна медицинска установа во Бамако. Канте постојано им помагаше на сиромашните семејства во текот на неговата кариера преку подобрување на здравствените установи за децата.

Поранешниот играч од средниот ред на Челси и Лестер сити сега игра за саудискиот клуб Ал-Итихад, и го користи својот фудбалски успех за да го прошири својот ангажман.

Според „Бизнис Деј“, Канте заработува околу 25 милиони долари како играч од средниот ред во Саудиска Арабија и уште еднаш покажа дека е длабоко посветен на покренување иницијативи кои ги поддржуваат областите на кои им е најпотребно.

Освојувачот на Лигата на шампионите, Светското првенство, Премиер лигата, Лигата на Европа и Лигата на нации е роден во Париз, но и двајцата родители се Малијци. Тој изјави дека отсекогаш се чувствувал поврзан со Мали, а 33-годишниот фудбалер дури го добил името по малискиот цар Нголо Диара.

Последниот болнички проект на Канте доби значителна поддршка од неговите фанови, како и од самите Малијци. Тие на социјалните мрежи му се заблагодарија на Конте за проектот, велејќи дека тоа е почит за неговата посветеност на службата надвор од фудбалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот