Дакота Џонсон - Фото: Инстаграм

„Француски ботокс“ е фризура што брише години: Сега е хит, одговара на секој облик на лице и лесно се одржува

Фризурата што „симнува“ години често ја нарекуваат и француски ботокс, им стои на сите и е многу лесна за одржување. Без разлика која должина на коса најмногу ви се допаѓа, еден мал трик е доволен фризурата да изгледа поубаво и визуелно да го подмлади лицето.

Во последно време на социјалните мрежи често се спомнува изразот „француски ботокс“, но тој нема никаква врска со игли или естетски третмани, ефектот се постигнува со фризура.

Станува збор, всушност, за кратење шишки, кои визуелно ги прикриваат брчките и веднаш го освежуваат изгледот на лицето.

Овој израз стана популарен затоа што шишките можат да направат речиси ист ефект како ботокс, го пренасочуваат вниманието од ситните линии и му даваат помладешка нота на лицето. Но со една голема предност, нема игли, нема третмани, само фризурата работи за вас.

Шишките визуелно го скратуваат челото и ги прикриваат брчките, ги нагласуваат очите и го отвораат лицето, давајќи свеж и одморен изглед без хируршки или естетски зафати. Затоа не е чудно што тие се заштитен знак на многу холивудски и светски трендсетерки, како Дакота Џонсон.

Дакота Џонсон

Иако не делуваат директно на кожата како ботокс или естетски третмани, шишките прават вистинска визуелна „магија“ – го тргаат фокусот од хоризонталните линии на челото, создаваат илузија на помазен профил и прават лицето да изгледа помеко, помладо и посвежо.

Шишките се препознатлив дел од стилот и на многу други познати дами, меѓу кои и Моника Белучи.

Instagram
Моника Белучи

Фризерите оваа година препорачуваат повеќе видови шишки, од класични до модерни:

  • шишки на страна – меки, елегантни и лесни за стилизирање
  • тенки (wispy) шишки – лесни, разиграни и многу тренди
  • „завеса“ шишки (curtain bangs) – романтични и ласкави, одговараат на речиси секој облик на лице
  • микро шишки – кратки и впечатливи, за оние што сакаат модерен и смел изглед

Токму затоа фризерите често се шегуваат дека добрите шишки се ботокс без игла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот