Франција воведува мерки против „брзата мода“

Работници во текстилна фабрика / Фото: СП. архива

Франција планира да воведе мерки против „брзата мода“, минливата мода по намалени цени, поттикната од увозните производи кои влијаат врз животната средина.

Мерките предвидуваат финансиски казни, забрането огласување и подобра информираност на потрошувачите.

Во предлогот, за кој ќе се гласа во Парламентот на 14 март, се посочува дека во цената на на ткавата облека треба да бидат вклучени и еколошките трошоци за прекумерното производство, бидејќи се троши многу вода и облеката претставува извор на загадување.

Се предлага максималната казна до 2030 година да биде 10 евра по производ. Додека интернет-страниците кои продаваат „мода за еднократна употреба“ ќе треба јавно да ги објават информациите за влијанието на нивните производи на животната средина.

Мерките беа поттикнати од производството на кинеската компанија „Шеин“, која во просек нуди 7.200 нови модели на облека или 900 пати повеќе производи од традиционалните брендови во Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот